ВИДЕО: Убиен бизнисмен од Приштина - детали за крвавата пресметка во Нови Пазар

Новопазарската полиција е во потрага по 39-годишниот Е.Ш. од овој град за кој постои сомнение дека во четвртокот вечерта во населбата Јалија го убил приштинскиот бизнисмен Селајдин Јанов.

Од новопазарската болница соопштиле дека состојбата на Џ.П. кој бил ранет во пукањето е стабилна.

Како што дознава Курир.рс, Јанов и Џ.П. се баџанаци, оженети со две сестри и од претходно имале несогласувања.

-Во четвртокот вечера Јанов наводно телефонски го повикал Џ.П. да дојде до населбата Јалија. Со Џ.П. бил и неговиот пријател Е.Ш. - наведува извор за Курир.рс

Според снимката која се појави на социјалните мрежи, пред кафуле во Јалија стигнал црн автомобил од кој излегле Џ.П.  и Е.Ш. На снимката се гледа и Јанов како стои на тротоар.

Џ.П. кој излегол од возилото и Јанов кратко разговарале, а потоа лицето за кое се претпоставува дека е Е.Ш. и Џ.П. влегле во автомобилот. Приштинскиот бзинисмен тогаш од жардиниерата во близина дофатил скриен пиштол, пукал кон возилото и го ранил Џ.П. во нозете. Е.Ш. возвратил на пукањето и испукал повеќе крушуми кон Јанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега