ВИДЕО: Турците со еден потег ќе им ги згададат цигарите на пушачите - откриено како ќе изгледа новото пакување

Турција ќе почне да пакува цигари и тутун во еднолична амбалажа со настојување да се сузбие продажбата на тутун и да се обесхрабрат пушачите, соопштило Министерството за земјоделство и шумарство.

Во соопштението на министерството се наведува дека производството ќе биде во еднолични кутии и ќе почне во четврток, на 5. декември и дека продажбата на стари, брендирани кутии ќе биде стопирана на 5. јануари 2020 година.

Со продажбата на цигари во еднолична амбалажа, Турција ќе се придружи на земјите како што се Франција, Обединетотот Кралство, Канада и Австралија.

Заболувањата поврзани со конзумирање тутун, според податоците на турските власти, се причина за повеќе од 100.000 смртни случаи годишно во таа земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега