ВИДЕО: Тропска бура стигна до Јапонија - силен ветер и обилни врнежи ја погодија земјата, жителите евакуирани

Силен дожд ги зафати денеска деловите на западна Јапонија, откако рано утринава тропска бура Крос го погодила копното, а АП пренесува дека најмалку 11 лица се повредени.

Надлежните советувале половина милион луѓе да бидат подготвени да се евакуираат, пренесува Ројтерс. Поради лошото време откажани се поеќе од стотина летови и тргнувања на возови.

Јапонските власти предупредиле дека до утре во поедини делови може да падне невообичаено голема количина дожд, поради што бил упатен совет за евакуација на 584.100 луѓе, бидејќи водостоите на неколку реки се многу високи.

Метеоролошката служба наведува дека тропската бура била проследена со удари на ветер со брзина и до 144 километри на час кога го зафатила копното во Јпонија.

Покрај силната бура, нема извештаи за поплавите, но пријавени се и десетина повредени, меѓу другото и човек кој упаднал во море.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега