ВИДЕО: Три пожари вечерва во околината на Скопје

Три пожари попладнево избувнаа во околината на Скопје.

Најпрво гореше шума во близина на Сопиште, кон Ракотинци. Од Противпожарната бригада велат дека тој пожар е изгаснат со четири возила. Две се повлечени, но две се останати на дежурство. 

Трска гори во близина на населението Економија, близу Сингелиќ. Таму се наоѓа едно возило, но е испратено и засилување. Засега нема опасност кон околните куќи. За овој пожар видеа се објавени на социјалните мрежи.

Уште еден пожар во моментот избувнал кај Патишка река.

02.03.2020 - 19:43
Фото: 
Видеото е објавено во ФБ групата „AVTOKOMANDA“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега