ВИДЕО: Трамп случајно го открил планот за Мексико - мавтал со хартии и одбивал да открие детали

Американскиот претседател Доналд Трамп случајно открил детали за договорот околу имиграцијата со Мексико, кога мавтал со хартии на кои имало детали од договорот.

Претходно, тој одбил да ги откри плановите пред новинарите, наведувајќи дека се тајни.

Меѓутоа, тон ги открил мавтајќи со потпишани договори, кои фоторепортерите ги фотографирале, зголемиле и така дошле до детали од договорот.

Во нив е наведен поанот Мексико да се означи како трета земја и Мексико да се обврзе веднаш да ги преиспита своите закони за да стане трета земја.

Планот, меѓу другото, содржи и делови од регионалниот план за азил кој би вклучувал и неколку јужноамерикански земји кои прифаќаат мигранти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега