Видео: Трамп се пошегувал со Ким - „Фотографирајте не да испаднеме убави, слаби и совршени“

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун се подготвувале да седнат на масата во хотелот „Капела“ на островот Сентоси во Сингапур, кога Трамп се свртел кон фоторепортерите.

-Добро фотографирајте нѐ, да испаднеме убави, слаби и совршени.

Ова не е првпат Трамп да се осврне на килограмите на Ким. Тој лидерот од Северна Кореја го спомена и во твит во ноември, во кој напиша дека никогаш не би го нарекол краток и дебел.

 

 

 

13.06.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега