ВИДЕО: Трамп им се обрати на граѓаните со видео порака - „Ова е најважниот говор што сум го одржал досега“

Претседателот на САД, Доналд Трамп им се обрати на граѓаните на Америка преку видео порака и го нарече својот говор, во кој зборуваше за изборната кражба, најважен говор кој го одржал.

„Ова е можеби најважниот говор кој некогаш сум го одржал. Сакам да ви дадам информации за нашите напори да ги откриеме нерегуларностите и изборната кражба која се случи во текот на претседателските избори. Некогаш имавме изборен ден, сега имаме изборни денови, недели и месеци. Многу лоши работи се случија во текот на тие денови и недели“, рекол Трамп во видео пораката на социјалните мрежи.

Како што рекол, нема поважна задача од тоа да се штити Уставот и законите.

„Затоа сум одлучен да го штитам напиот изборен систем, кој е изложен на кооридиниран напад. Бевме предупредени да не прогласуваме прерана победа и дека ќе бидат потребни месеци да се прогласи победникот и да се верификуваат резултатите. Мојот противник беше предупреден да не се меша во изборите, да не држи кампања. Се однесуваа како да знаеја каков ќе биде исходот. Сето тоа беше чудно“, навел американскиот претседател.

„Деновите после изборите бевме сведоци на кампањата да се прогласи победник, дури и додека гласовите во некои клучни држави се уште се пребројуваа. Ќе продолжиме да го браниме законот, за секој законски глас да биде пребројан, а незаконскиот да не биде броен. Овде не станува збор само за тоа да ги браниме гласовите на 75 милиони Американци кои гласале за мене, туку да ја браниме вербата во овие, но и следните избори“, истакнал Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега