ВИДЕО: Трамп го напуштил самитот на НАТО - Макрон и Трудо го исмевале, американскиот претседател збеснал

Изгледа дека дури ниту светските лидери не се плашат од малку трачеви во врска со своите колеги.

Во текот на самитот на НАТО во Лондон, кој е значаен по неколку тешки состаноци меѓу премиерите и претседателите кои се собрале, посебно меѓу Доналд Трамп и францускиот колега Емануел Макрон.

Сега се чини дека Макрон, кој го провоцирал Трамп опишувајќи дека НАТО страна од стратешки мозочен удар, фатен е како го озборува неименуваниот соработник со канадскиот премиер Џастин Трудо.

За време на снимката од приемот во Бекингамската палата, се видени како разговараат со Борис Џонсон и холандскиот премиер Марк Руте, а може да се слушне како се шегуваат на сметка „40 минути доцнење за конференција за медиумите'.

Кога Џонсон го прашал Макрон „дали задоцни“?, Трудо одговорил „доцни затоа што води 40 минути конференција за новинари“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажал завршната конференција на самитот за НАТО поради снимката на која му се потсмеваат Емануел Макрон, Џастин Трудо и Борис Џонсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега