ВИДЕО: Трагедија во Русија- се запали подморница, загинаа 14 морнари

Четиринаесет морнари загинаа во пожар во руска подморница, соопшти руското Министерство за одбрана.

Морнарите се отруле од отровните гасови кога подморницата била зафатена од пожар, јави Би би си. Во заедничка акција, екипажот успеал да гo изгасне огнот.

Подморницата за истражување на длабоки води спроведувала воен надзор во руските територијални води.

Подморницата се наоѓала кај базата Североморск на северот на Европа, во близина на границата со Финска. Станува збор за главната база на руската Северна флота.

Во тек е истрага за инцидентот, која се спроведува под надзор на главниот комендант на руската морнарица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега