ВИДЕО: Трагедија во Германија - ограда проби автобус, едно лице загина, а 74 се повредени

Едно лице загина, а 74 лица се повредени во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, на истокот од Германија.

– Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.
На фотографиите се гледа превртен автобус кој е пробиен од заштитна ограда.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега