ВИДЕО: Трагедија во Боливија, автобус падна во провалија - загинаа 25 лица

Боливиската полиција соопшти денеска дека во директен судир меѓу автобус и друго возило, загинале најмалку 25, а ранети се 24 лица.

Родел Кано, вработен во сообраќајната полиција, изјавил за лојкалните медиуми дека 25 тела се пронајдени и дека полицијата продолжува со акцијата за спасување. Додал дека 24 лица се повредени и тоа во критична состојба, пренесува АП.

Министерот за внатрешни работи Карлос Ромеро изјавил дека возачот на автобусот се обидел да престигне цистерна, но се судрил со друго возило, а потоа паднал во околу 300 метри длабока провалија.

На телевизиските снимки се гледа дека автобусот останал без кров.

.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега