ВИДЕО: Тешка несреќа и трагедија во Србија - братучеди загинале на лице место, мајка во критична состојба

На Ибарската магистрала во Србија рано утринава, во околу 06:30 часот, во атарот на селото Милочај, во близина на Тавник кај Краљево, се случила не само сообраќајна несреќа туку и голема семејна трагедија во која животите ги изгубиле две момчиња - двајца братучеди од Рожај додека мајката на едниот е во критична состојба и се бори за живот.

До несреќа дошло кога голф со црногорски регистерски таблички, директно удрил во автобус кој доаѓал од спротивна насока.

Колку бил силен ударот зборуваат остатоците од автомобилот од кој не останало скоро ништо. Во крагуевски автобуис немало настрадани, ниту повредени.

Како што пишува Курир.рс, бртучедите биле на возраст од 18 и 28 години, а мајката на едниот од нив 49 години. Момчињата загинале на лице место.

На патот на кој се случила несреќата утринава имало исклучително густа магла.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега