ВИДЕО: Тензично во Љубљана – демонстранти фрлаат факели кон Парламентот, полицијата возврати

 

Тензични снимски доаѓаат од престолнината на Словенија каде противниците на мерките за сузбивање на ширењето на Ковид вечерва излегоа на протест на Плоштадот на републиката. Тие ја критикуваа Владата скандирајќи барања на оставки. По два часа запалија и факели и почнаа да ги фрлаат кон Парламентот.

Главни се две барања на демонстрантите – промена на мерките и предвремени избори.

Собраните граѓани се приближуваа и кон влезот на Парламентот, но полицијата го зголеми своето присуство.

Како што јавува Н1, над Љубљана кружат и хеликоптери. Полицијата возврати со солзавци и водени топови.

15.09.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега