ВИДЕО: Телото на Един Гачиќ никој не го презема - ова го порачуваат неговите соселани

Во изминатите денови никој не се јави да го преземе телото на убиецот Един Гачиќ/

Тој е ликвидиран после осумдневна потера во акција на специјалците во вторникот, на 12. февруари, откако претходно уби две лица.

Обдукцијата е завршена, а нови детали нема, освен што се чека вештак, рекла Азра Бавчиќ, портпаролката на обвинителството на Сараевската жупанија.

Процедурата е таква што некој мора да го преземе телото од мртвачница. Обичај е имено, кога се погребува човек без ниедна роднина и кога нема кој да ги плати трошоците, надлежното друштво испраќа допис до ресорното Министерство за работа и социјална политика, која го финансира целиот износ.

Репортерите на Дневни аваз при посетата на местото каде живеел Един се увериле дека мештаните не сакаат негов погреб кај нив на селските гробишта. Неговиот прв сосед рекол дека нема да му биде сеедно ако Гачиќ биде погребан во селото:

-Но, ако некој нас не прашува, сила Бога не моли. Гачиќ го запознавме штом стигна. Самиот дојде кај нас пред куќа, не почести со сливи. Седеше кај нас дома, пиевме кафе. На сите ни раскажа дека си ја убила мајката, собарката и дека сето тоа го одлежал во затвор. Ни кажа дека сега е слободен човек и дека има намера нешто добро да направи со својот живот“, вели Фехар Тукиќ за Дневни аваз.

Истакнува дека ништо не укажувало дека Гачиќ може повторно да направи злосторство.

-Тој повеќе нема да се врати во нашето село - дофрлил еден од мештаните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега