ВИДЕО: Татко убиен додека преминувал улица во Њујорк држејќи ја 4-годишната ќерка за рака - одеднаш почнало пукање

На застрашувачка снимка се гледа кога маж бил убиен додека поминувал улица во Бронкс во Њујорк, а цело време ја држел 4-годишната ќерка за рака.

Снимката ја споделил Родни Харисон, полицаец од Њујорк, а на неа се гледа како 29-годишниот Ентони Робинсон поминува пешачки преми во околу 17:50 часот во неделата.

Додека ќерката ја држел за рака, Робинсон гледал во црниот автомобил кој успорувал покрај него, веројатно сакајќи да провери дали можеби возачотќе тргне накај нив.

Меѓутоа возачот продолжува да вози покрај таткото и ќерката ддека поминувале улица.

Во тој момент напаѓачот вади пиштол низ прозор и пука, погодувајќи го таткто.

Додека Робинсон паѓа на улица, неговата исплашена ќерка почнува да трча низ улица, очигледно неповредена.

Полицијата сѐ уште никој не уапсила поради неговото убиство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа