ВИДЕО: Тајната на 313-та фотографија - светот не требал да види еден детаљ од убиството на Џон Кенеди

Човекот кој стои зад единствената снимка од атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди на 22. ноември 1963 година бил кројачот Абрахам Запрудер.

Точно 486 фотографии од филмот настанале на тој сончев ден во Далас, а само 26 секунди е снимен еден од најпознатите злосторства во светската историја.

Меѓутоа, досега не беше откриено дека Запрудер всушност лично барал да не се објави една фотографија од целиот филм. Фотографијата со број 313 создавал ноќна мора затоа што на неа јасно се гледало како куршумот поминува низ главата на Кенеди. Требало да помине повеќе од деценија после убиството во Далас за американската и светската јавност конечно да го види тој клучен кадар.

Како што пишува Смитсонијан, Запрудер ги продал на магазинот Лајф авторските права на филмот за 150.000 долари, но јасно рекол дека не сака да се објави клучната сцена.

Лјф се слоѓиле, но секако, некој го објавил и филмот заедно со 313-та фотографија.

Станува збор за славниот телевизиски водител, Хералдо Ривера.

После таа снимка се појавиле многу теории на заговор, а таа тема е актуелна и ден денес.

Една од нив е дека некој од телохранителите случајно го убил претседателот Кенеди. Кога Освалд запукал, агентот на тајната служба Џорџ Хикеј земал автоматска пушка за да возврати на пукањето. Кога автомобилот застанал, тој по грешка пукнал во Кенеди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега