ВИДЕО: Свиња нападнала грчки новинар во емисија во живо - колегите не престанувале да му се смеат

Грчкиот новинар Лазос Мантикос известувал за поплавеното подрачје недалеку од Атина, кога во кадар му упаднал непоканет гостин - свиња која не сакала да го остави на мира.

Свињата, за која се верува дека избегала од блиската фарма, прво почнала да му ја нушка ногата, а потоа почнала да го прогонува и грицка репортерот кој безуспешно се обидувал да избега.

Да биде уште полошо, сѐ се случило за време на јавување во живо за емисијата Добро утро Грција, а неговите колеги во студиото не можеле да дојдат при себе од смеење.

Погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега