Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 400 беа повредени во разорно торнадо што го погоди јужен Бразил, во државата Парана, соопштија локалните власти.

Торнадото го погоди градот Рио Бонито до Игуасу во петокот вечерта, каде што торнадото, со брзина на ветер до 250 км/ч, откорна покриви, искорни дрвја и оштети стотици куќи, згради и други објекти. Голем број домаќинства останаа без електрична енергија, а сообраќајот во погодената област беше нарушен.

Повеќе од илјада луѓе беа евакуирани, додека спасувачките екипи и армијата беа ангажирани во расчистување на урнатините и потрага по исчезнатите. Прогласена е вонредна состојба и тридневна жалост.

Тоа беше едно од најсилните торнада некогаш забележани во јужен Бразил, како резултат на судирот на студен фронт од југ со топол, влажен воздух над внатрешноста на земјата.

За жал, поради климатските промени, ваквите бури ќе стануваат почести во иднина.

Exit mobile version