ВИДЕО: Свештеник ги бранеше демонстрантите од полцијата на протестот во Србија - „Изберете го за патријарх“

коментарите под видео-снимката која се појави на социјалните мрежи, на која се гледа како свештеник брани демонстрант на синоќешниот протест кој се случил пред Народното собрание во Белград поради најавениот полициски час за викенд.

Имено, на снимката може да се види како монахот Антоније се обидува да одбрани еден од учесниците на протестите, кој полицаец во цивилна облека го држи за „маица“.

Свештеникот се обидел да се избори со полицаецот и да го одбрани човекот, кој брутално бил влечен по улица.

Да потсетиме, неколку илјади луѓе синоча се собраа пред Народното собрание за да изразат незадоволство поради најавениот полициски час, кој го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кој би требало да трае од петок, од 18 часот, до понеделник до 5 наутро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега