ВИДЕО: Стравично убиство во Србија - последна снимка која Сања ја објавила пред да биде застрелана

73-годишниот Петар Живановиќ од село Свилеува, Србија, е осомничн дека со ловечка пушка ја убил невенчаната сопруга, 42-годишната Сања Јанковиќ поради неплатени сметки. После бруталното злосторство во семејната куќа, осомничениот повикал двајца соседи и признал дека ја убил сопругата.

Како што информираат српските медиуми, Петар бил уапсен во домот и не пружал отпор, иако покрај него била пронајдена ловечка пушка од која пукал во Сања.

Петар и Сања според првичните информации од истрагата, претходната вечер пред злосторството си поминале многу весело, на забава во блискиот угостителски објект.

На својот Фејсбук профил, Сања објавила видео од самата забава, која била последна за неа.

Еден од соседите рекол дека утрината во шест часот Петар му се јавил на телефон и го повикал итно да дојде.

-Соседот кој пред мене стигна во домот на Петар рече дека Петар му кажал дека со Сања имал расправија околу неплатени сметки. Тие двајца претходно никогаш не се расправаа, сето ова ми е чудно. Таа кај него живееше 5-6 години. Првата сопруга му почина пред седум години, а штом помина една година ја донесе Сања - рекол соседот.

Инаку мештаните во селото немаат убав збор да кажат за уапсениот, а повеќето од нив се плашат од него, информираат српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега