ВИДЕО: Страшна сцена во зоолошка градина во Пакистан - го хранел лавот, па животното му ја зграбило раката

Посетителите на пакистанската Зоолошка градина сведочеле на вистински хорор кога среде вообичаено хранење на еден бел лав низ решетките од кафезот со својата вилиа го зграбил за рака Кану Пирадит кој му фрлал месо.

И додеа врескајќи од болки се обидувал да се извлече од вилицата на лавот, посетителите и другите работнии гледале шокирани и не верувале, но никој од работниците не преземал нешто за да му помогне на својот колега, пишува Дејли Меил.

Борбата со лавот траела околу 40-на секунди пред опсното животно конечно да одлучи да го пушти.

Видео снимката која се појавила на интернет сведочи за паниката која владеела меѓу оние кои во тој момент се нашле во близина на кафезот, па така може да се слушнат луѓе кои преплашени врескат додека повредениот маж седи крварејќи на подот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега