ВИДЕО: Страшна сцена во Хрватска - полиција во сандак нашла 9 мигранти

Полицијата на вуковарско-сремската жупанија денеска пронајде 9 мигранти, заробени во сандак во товарниот дел од возило, со кое управувал криумчар.

Тие биле пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштето Растовац, при контрола на „фолксваген крафтер“ со полициски регистерски таблички, во сандак направен од иверица.

-При отворање на сандакот, полициските службеници пронашле и веројатно спасиле живот на 9 странски државјани, тројца мажи, две жени и четворица малолетници. Во моментот на отворање на сандакот полициските службеници почувствувале значително зголемена температура и застојан воздух - соопштила полицијата.

Поради овој случај уапсени се три лица, едно лице државјанин на Украина и двајца државјани на Полска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2019 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега