ВИДЕО: Страшна несреќа во регионот - 7 загинати и 27 повредени во верижен судир, пожарникари ги вадат телата

 

Најмалку седум лица загинаа, а триесетина се повредени во тешкиот верижен судир кој утрово околу 7 часот се случи на автопатот Белград-Ниш кај Јагодина во Србија. Сообраќајот е во прекин на двата правци, пренесува Курир.рс.

На терен се гледаат морбидни глетки, згужвани автомобили, приколки на возила, помеѓу 20-30 уништени автомобили.

„Се движев од правецот Ниш со нормална брзина. Видливоста беше намалена, а кога ја поминав Морава - ѕид. Ништо не се гледа. Имаше толку големаа магла. Почнав веднаш да кочам, го стигнав камионот пред себе, застанав, излегов од камионот и веќе сите возила почнаа да се удираат“, рекол за РТС еден од возачите.

Полициски службеници, како и екипи на Противпожарната бригада и Брзата помош се уште се на лице место.

Луѓето се заробени во своите возила и пожарникарите спасувачи се обидуваат да ги извлечат.

Еден од очевидците вели дека било непрегледно, видивоста била едвај 10-15 метри, додека во еден момент слушнал врисоци. Како вели, во автомобилот покрај себе видел мртва жена со деца во колата.

Сообраќајот на автопатот во двата правци е блокиран, па се создале колони автомобили.

Алтернативен правец Белград - Ниш е исклучување на петлата Јагодина кон градот до Чуприја.

Причините за сударот не се познати, но се претпоставува дека во голема мера влијаела и маглата, поради која соображајот низ цела Србија се одвива во отежнати околности.

 

 

 

 

09.10.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега