ВИДЕО: Стан натрупан со ѓубре на улица „Џон Кенеди“ во Скопје - станарите очајни, бараат помош

Смрдеа на ѓубре, урина и измет во комбинација со насобрано ѓубре излегува од станот број 11 во зграда на улицата Џон Кенеди, објави Канал 5. Станарите за телевизијата ввелат дека се очајни и бараат помош од инситуциите, затоа што смрдеата влегува во нивните домови. Соседите велат дека со жената која живее во станот не се разговара нормално и дека е агресивна. 

Станарите во очај не знаат веќе каде се обратат, за својата сага се обратиле во сите инстиутции.

Додаваат дека 70 годишната жена од пред неколку години почнала да се однесеува повлечено да не одржува хигиена и да носи ѓубре од улица. Бараат да и се помогне, бидејќи жената има голем проблем. Од како паднале темепратурите тие дежураат покрај отворениот стан за да не направи пожар.

Од Центарот за социјални грижи доаѓале неколкупати, но жената не била дома или одбивала да дојде во центарот или не била во нејзиниот стан. Станарите молат за помош, бидејќи веќе во зградата има и глодари, а смредата влегува и во нивните домови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега