ВИДЕО: Српска политичарка доби кокошка во глава - кажа дека Вучиќ соработува со криминалци

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССА), Мариника Тепиќ, тврди дека членовите на криминалната група на неодамна уапсениот Вељко Беливук го обезбедувале српскиот претседател Александар Вучиќ.

Мариника Тепиќ се обрати пред новинарите пред седиштето на партијата СНС во Панчево, а приврзаниците на Вучиќ со извици и навреди го попречувале нејзиното обраќање. Собирот беше на работ да прерасне во поголем инцидент.

„Ова е човек по име Владимир Грек. Тој е меѓу уапсените заедно со Вељко Беливук. Ова е човек кој беше снимен на 28 април 2020 година, како доби директива пред седиштето на СНС во Панчево да ги запали срамните факели против опозицијата и Драган Ѓилас”, рече Тепиќ, покажувајќи фотографија од лицето за кое тврди дека е споменатиот Владимир Грек, пренесе Нова.рс.

Цело време, група луѓе стоеле крај неа, извикувајќи навреди и правеа врева, и во еден момент фрлија жива кокошка кон Тепиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега