ВИДЕО: Среде Рим се отвори дупка - истражувачите нашле нешто што таму стоело од античко време

Кога кај римскиот Пантеон среде улица се отвори дупка, откриена беше уште еден сокриен дел од италијанската престолнина.

Дупка длабока околу 2,5 метри и 3 метри долга, изненадно се појавила минатиот месец на многу популарното место меѓу туристите, а во меѓувреме е откриено дека под неа се криела античка калдрма. Пронајдени се околу 40 камени коцки.

За среќа, поголема штета е избегната поради пандемијата коронавирус, бидејќи немало туристи.

Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега може да видат како нивниот град изгледал пред новата ера.

Поради насобраниот песок и многу ископани дупки кои се насекаде во градот, земјата често се отвора, па минатата година забележани се само 100 дупки во престолнината на Италија додека 20 имало во Напул.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега