ВИДЕО: Србинка киднапирана среде бел ден во Италија - врескала и барала помош од полицијата

Тројца мажи во средата киднапирале српска државјанка во центарот на Торино среде бел ден.

Драмата се одиграла на плоштадот Сан Карло во Торино, во околу 11 часот попладнето. Покрај Србинката и мажите чиј идентитет не е обелоденет, одеднаш застанал комбе од марката „фолксваген“. Следниот момент, од него излегле маскирани киднапери со панцири кои се обидувале двајцата да ги внесат во возилото, но мажот успеал да се извлече и жната останала внатре кога киднаперите избегале.

Очевидците велат дека сцената била како на филм.

-Двајцата врескаа, она бараше помош. Викаше некој да повика полиција - раскажал работник на една слаткарница пред која се одиграла немилата сцена.

За неколку минути полициски втомобили го блокирале тој дел од градот и започнале со потрга по црното комбе.

Во меѓувреме, виновниците се обиделе да пронајдат заштита во блиска гаража, за на кратко да останат во тајност. Меѓутоа, наишле на чувар на гаражата кој им објаснил дека нивното возило е преголемо за да се паркираат и дека паркинг ќе мораат да пронајдат на друго место. Додека разговарале со чуварот, полицијата ги опколила.

Полицајците во комбето ја пронашле 35-годишната жена, која киднаперите ја врзале со конопо, а устата ѝ ја залепиле со леплива трака, и тројца Германци, од кои двајца биле добро познати на полицијата.

Според неофицијални информации, мотив за киднапирањето било одмазда поради финансиска измама. Имено според пишувањата на италијанските медиуми. Србинката го измамила сопственикот на фирма за градежништво за 50.000 евра, поради што тој сакал да се одмазди.

Италијанските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Србинката е добра, освен што преживеала голем шок и стрес. Кај неа биле пронајдени 2.700 евра во кеш. Мажот кој во моментот на киднапирањето бил со неа, по се изгледа не бил поврзан со случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега