ВИДЕО: Србин брутално ликвидиран во Еквадор

Српски државјанин на возраст од 56 години, по потекло од Ниш, загинал во пукање во трговски центар во Еквадор во понеделникот, јавуваат белградските медиуми.

Тој, најверојатно, бил ликвидиран од платен убиец додека седел во кафуле во трговски центар во Самборондон, пишува „Блиц“.

Според изјавите на сведоците, убиецот пукал најмалку три пати.

Убиецот го сочекал соучесник со мотор и тие побегнале во непознат правец.

 Според првичните информации, во моментот на пукањето со убиениот Србин седеле неговата сопруга и ќерка.

Истрагата е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега