Видео: Специјалци по улиците на Загреб - маж пукал со калашников кон градинка

 

Загребчани денеска беа мошне вознемирени откако маж пукаше со калашников од 4. спрат на зграда. Полицијата соопшти дека човекот кој пукал од балконот се предал и дека е спроведен во станица.

„Најпрво околу девет ипол часот слушнав некакви пукотници. Не беа тоа рафали туку поединечни пукања. После тоа се слушнаа три-четири одвоено рафали, по звукот би рекол дека беше калашников. Една сосетка вели дека полицијата имала триесетина дојави“, навел еден од сведоците за тамошните медиуми.

Полицијата прво дошла со обичен полициски автомобил. Разгледале околу зградата и кога тргнале да се вратат назад се слушнале истрели. Пукал по улицита, а наводно во смер на детска градинка.

Децата биле надвор, но веднаш влегле во градинката. За среќа нема повредени. Според информациите на тамошните медиуми, мажот пукал низ прозор од стан. На терен сѐ уште има и специјалци. Истрелите биле од четврти спрат.

 

 

 

25.05.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа