Видео: Сомнителен конкурс за вработување во Куманово- по кои критериуми земјата вработуваат млади лекари

 

Во редакцијата на Сител се јавила револтирана докторка од Куманово која сакла да остане анонимна, но раскажала за шокот што го доживела вчера кога дознала дека не е меѓу тројцата кандидати кои ќе бидат вработени во кумановскиот центар за јавно здравје, иако била прва на листата со најмногу  бодови. На стручниот испит што го полагале пријавените на огласот освоила најмногу поени а прва е и со бодови од полагање на странски јазик. Но наместо неа, установата го вработила последно рангираниот кој има вкупно 25 бодови, објави Сител.

Како и по кои критериуми јавните здравствени установи во земјата вработуваат млади лекари? 

-  Не знам како тоа го направиле и по кои критериуми. Полагавме испит каде не надгледуваа и контролираа од Министерството за здравство. И потоа, наместо јас вработен е тој што е последен, тоа беше шок за мене. Незнам каква порака им се испраќа на лекарите со тоа, кога сите мои колеги што ги знам се отселија од земјата, вели револтирана лекарка од Куманово.

Нашата соговорничка се уште не добила објаснување зошто не го добила работното место, но според законските обврси, има право на жалба на одлуката. Не знае дали ќе реагира, ќе чека нов конкурс за вработување или, пак, како и нејзини колеги шансата ќе ја бара надвор од границите на Македонија..

Според податоците од Лекарската Комора, само во првите четири месеци годинава 110 лекари заминале во странство. За седум години бројката е над 1200 доктори од кои најголем број одат да работат во Германија.  

 

 

 

14.06.2018 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа