(ВИДЕО) Соборен светски рекорд: Најдолгиот патнички воз помина преку најспектакуларната пруга низ Алпите

 

Швајцарската железничка компанија објави дека поставила светски рекорд – најдолгиот патнички воз поминал низ една од најспектакуларните линии низ Алпите.

Компанијата „Ретиjан реилвеј“ соопшти дека возот е долг дури 1,9 километри со 100 вагони и четири локомотиви на линијата Албула/Бернина од Преда до Бергин, пренесува Бета.

Таа пруга, впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година, минува низ 22 тунели, од кои некои се спирални, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.

Патувањето по пругата долга 25 километри траел еден час.

 

30.10.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега