ВИДЕО: Снимката од болницата која ги крена САД на нозе - Американците побеснети, медиумите се правдаат

Една снимка која ја емитувала американската ТВ станица “CBS” предизвика вистинска бура во таа земја, но и на социјалните мрежи.

Имено, “CBS” во својата утринска програма, известувајќи за ситуацијата во Њујорк кој стана едно од најголемите жаришта на коронавирусот, пуштил снимка од болница во Бергамо. 

Многумина веднаш препознале дека станува збор за болница од Италија особено бидејќи снимките со денови се вртат по сите светски медиуми.

Од “CBS” признале дека дошло до грешка во текот на емитувањето на програмата. И додека дел од јавноста смета дека навистина станува збор за ненамерна грешка, поединци сметаат дека ова е еден од начините како Американците дополнително да се заплашат за да ја сфатат сериозноста на ситуацијата. Многумина исто така коментираат и дека медиумите лажат и шират паника.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега