(Видео) Снимка од земјотресот во Хрватска

 

 

Прилично силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван синоќа во 19 часот и 56 минути во областа Сплит, имал епицентар во близина на островот Чиово, соопшти Хрватската сеизмолошка служба. Службата во објава на својата веб-страница наведува дека интензитетот на земјотресот во епицентарот бил V-VI степени според ЕМС скалата и дека е почувствуван на пошироко подрачје.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Сплит и 5 километри северо-северозападно од Трогир. Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри.

Антонио Мише од Трогир објави видео од земјотресот од надзорната камера во влез на зграда.

Жител на Чиово на веб-страницата на ЕМСЦ напиша дека кратко и силно се тресела и дека сите истрчале надвор. Некои изјавиле дека им се тресела целата куќа, а други пишуваат дека слушнале силен татнеж.

28.12.2023 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега