ВИДЕО: Снимка од средбата на кралското семејство стана хит - Меган ги поздравува, а тие дискретно ѝ возвраќаат

Меган Маркл, принцот Хари, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сретнале вчера на прославата Комонвелт денови во Вестминистерската опатија во Лондон.

Двата пара се сретнаа во црква, првпат на јавен настан после Мегзит. Според протоколот, чии конечни детали се соопштени непосредно пред церемонијата, Меган Маркл, принцот Хари, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам веднаш по влегувањето во црква ги заземале пропишаните места.

Војводата и војвотката од Кембриџ седнале во првиот ред, додека местата зад нив биле резервирани за војводата и војвотката од Сасекс.

Во истиот ред Меган и Хари седеле со грофицата од Васекс и нејзиниот сопруг Едвард,

На снимката која кружи на интернет се гледа како Кејт и Вилијам приоѓаат на местата и се поздравуваат со членовите од семејството зад нив.

Меган срдечно ги поздравува, најпрво Кејт која премногу дискретно ѝ возвратила.. А, потоа слична ситуација се случила и во Вилијам кој сепак возвратил на срдечниот поздрав.

 
 
 
View this post on Instagram

 

A post shared by @ royalfamily_2019_ on Mar 9, 2020 at 8:47am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега