ВИДЕО: Снимен моментот кога во Измир удри силниот земјотрес- додека се сѐ тресеше, луѓето во паника бегаа

Силниот земјотрес кој денеска ја стресе Грција ја потресе и Турција, особено го почувствуваа жителите на градот Измир каде има и срушено згради.

Видео снимка од безбедносна камера се појави на Твитер на која беше посочено дека тоа е моментот на потресот од силниот земјотрес со магнитуда од скоро 7 степени според Рихтер.

Епицентарот бил во близина на турското крајбрежје, но земјотресот бил почувствуван речиси во сите делови на Грција, а еве како изгледаше моментот кога се почна да се тресе.

Последните информации беа дека 4 лица загинале, а 120 се повредени, додека пак само во Измир срушени се 20 згради.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега