ВИДЕО: Снимен еден од напаѓачите во Шри Ланка - бомбаш самоубиец се прошетал по градот, па влегол во црквата

Телевизијата Скај Њуз објавила снимка на која се гледа потенцијалниот извршувач на еден од терористичките напади во Шри Ланка.

На снимката направена неколку секунди пред нападот се гледа како темнокос маж со голем ранец влегува во црквата.

Снимката прекинува токму во моментот кога тој влегува во црквата.

Во терорстички напад во таа земја, загинаа 310 лица, а околу 500 се повредени.

Денеска во светот одекна информацијата дека масовниот терористички напад е чин на одмазда за нападот кој се случи во Нов Зеланд на 15. март во градот Крајстчерч при кој во две џамии беа убиени 50 лица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега