ВИДЕО: Смртоносна замка за бизнисменот од Бања Лука - рафали од двете страни, звуци како да е воена состојба

Убијците во заседа го ликвидирале Славиша Круниќ пред влезот на семејната куќа во Бања Лука, а потоа во неговиот автомобил испукале повеќе рафали.

Извор од истрагата за боснаските медиуми открива дека засеадата била од две различни страни.  Напаѓачите  чекале автомобилот во кој биле Круниќ и неговиот телохранител Жарко Павловиќ да успори, а потоа испукале неколку рафали во Круниќ, пренесува Српскаинфо.

При пукањето убиен е телохранителот на Круниќ, Жарко Павловиќ и еден од напаѓачите чиј идентитет се проверува. Славиша Круниќ при пресметката се здообил со повреди на виталните органи и префрлен е во друг автомобил со кој е однесен во болница, каде и починал.

-Очигледно е дека се работело за однапред подготвена ликвидација. Точниот број на напаѓачи, како и видов на оружје кој е користен при пресметката ќе се знае после увидот - рекле од полицијата.

Мештаните раскажале дека во 22:30 часот слушнале рафали кои доаѓаат од семејната куќа на Круниќ.

-Беше како воена состојба и траеше минута или две. Потоа се стивна - раскажал соседот на Круниќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега