Видео: Смртоносна бура во Америка - 2 загинати, илјадници домови без електрична енергија

 

Две лица загинаа во бура која го зафати североистокот на САД.

Силно невреме проследено со грмежи, град и силен ветер ги погоди САД.

динаесетгодишно девојче настрада кога ветер сруши стебло врз паркиран автомобил во Њујорк, додека другата жртва е маж кој исто така настрада поради пад на стебло врз возило, наведуваат американските медиуми.

Невремето довело до сообраќаен колапс, прекин на електрична енергија и вода.

Издадено е и предупредување поради опасност од поплави во источен Мериленд, Делавер и јужен Њу Џерси.

 

 

 

16.05.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа