ВИДЕО: Слетување кое ќе го памети цел живот - авион се претвори во огнена топка откако се приземји

На меѓународниот аеродром во Дејтона Бич на Флорида принудно слета мал авион кој се запали во моментот кога допре на пистата.

На снимката може да се види како гори задниот дел од авионот поради тоа што леталото слетало без целосно извлечени тркала. Како што пренесуваат американските медиуми, во леталото имало две лица кои за среќа поминале без повреди.

Поради инцидентот, неколку летови морале да бидат пренасочени кон други аеродроми во близина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега