ВИДЕО: Сите мислеле дека е невозможно - Брејмар е најголемиот брод кој некогаш поминал низ Коринтскиот канал

Крузерот „МС Брејмар“, долг 196 и  широк 22,5 метри, е најголемиот брод кој некогаш поминал низ Коринтскиот канал, на југот од Грција.

Да биде уште поинтересно, канал е широк 25 метри.

Околу 1.200 патници на бродот од норвешка компанија „Фред Олсен“ со седиште во Велика Британија, но и бројни набљудувачи, уживале во глетката од која застанува здивот, затоа што крузерот скоро целото го исполнил просторот меѓу ѕидовите на карпите од двете страни.

Бродот поминувал толку близу до карпите, што патниците можеле да ги допрат од двете страни на преминот.

Каналот е долг 6,3 килоемтри и го раздвојува Пелопонез од континенталниот дел на Грција и го скратува патот преку морето од италијанското до атинското крајбрежје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега