ВИДЕО: Силно невреме во Велес - улиците поплавени, сообраќајот отежнат

Невреме со ветер, дожд и ситен град претладнево го зафати Велес.

За кратко време улиците во градот кои се без атмосферска канализација беа преплавени со вода што го отежна движењето на сообраќајот.

Од Регионалниот центар за  справување со кризи за МИА изјавија дека  по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски“ интервенирале пожарникари од Територијалната Противпожарна Единица, како и дека засега не се пријавени поголеми штети од институциите и граѓаните. 

18.09.2021 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа