ВИДЕО: Силно невреме во Подгорица - ветерот искршил дрва, оштетени и автомобили

Силно невреме ја зафати вчера Подгорица.

Временската непогода во црногорската престолнина траела 15-тина минути.

Оштетени се повеќе автомобили, а силниот ветер скршил неколку стебла.

„После невреме кое ја зафати Подгорица во околу 17 часот, припадници на Службата за заштита и спасување интервенирале на неколку локации во отстранување на стеблата и ослободување на заробените возила под скршените стебла“, соопштиле од Службата за заштита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега