ВИДЕО: Силно невреме во Крагуевац - поплавена Брзата помош, под вода објекти и улици, оштетени патиштата

Вчера попладнево, на територијата на Крагуевац паднале дури 83 литри дожд по квадратен метар, а поради неможноста канализацијата да прими голема количина вода, поплавени биле бројни објекти и улици во ниските делови на градот, информираа од агенцијата Бета и Управата за вонредни ситуации.

Началникот на Управата, Зоран Кочовиќ рекол дека се поплавени и подрумски, гаражни и магацински простории од објектот на Заводот за итна медицинска помош во Крагуевац.

Кочовиќ навел дека е оштетен и еден број улици во нбаселбата Вашариште, Петровац и Угљешница.

Рекол дека попладнето биле примени над 150 пријави од граѓани за помош на разни локации во градот.

Кочовиќ рекол дека сите расположиви екпи на надлежните градски претприемништва се на терен и дека непрекинато работат на санација на последиците од обилните врнежи.

Покрај дожд проследен со силен ветер, на територијата на Крагуевац врнел и град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега