Видео: Силно невреме во Црна Гора - Подгорица под вода, град со големина на лешник

 

Силно невреме ја зафати синоќа Подгорица во периодот од 18 до 19 часот и скоро целосно го блокираше сообраќајот.

Краткотрајниот дожд пропратен со силни грмотевици, освен Подгорица зафати и други градови во Црна Гора, а тоа го отежна движењето на пешаците и автомобилите, пишуваат тамошните медиуми.

Улиците во Подгорица биле поплавени поради што и сообраќајот бил отежнат.

На видеата се гледа дека паѓа и град со големина на лешник. Метеоролозите најавуваат дека времето наредните денови ќе биде нестабилно и се очекува силна бура.

 

 

 

13.03.2018 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа