ВИДЕО: Силно невреме ја погоди Тузла - улиците поплавени, ветерот кршеше дрва, прогласена состојба на природна непогода

Градскиот кризен штаб за Цивилна заштита на Тузла прогласи синоќа на вонредната седница состојба на природна непогода, после несекојдневното невреме кое го погоди градот.

Првите информации покажуваат дека штетата во овој град е исклучително голема, а на терен се сите екипи, пренесува кликс.ба

Во Тузла синоќа за 40 минути наврна 70 литри дожд по метар квадратен, што доведе до големи поплави и создавање на значителни материјални штети на подрачјето на цел град.

Пожарникарните екипи испумпуваат вода од објектите во градот.

Синоќа на подрачјето на Тузла дошло до целосен колапс, поради обилните врнежи кои биле проследени со силен ветер и грмежи. Градските сообраќајници за неколку минути биле поплавени, автомобилите отежнот се движеле, а ветерот кршел дрва.

Исто така, десетина станбени и бизнис објекти се поплавени, а поедини населби се без струја и вода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега