ВИДЕО: Силниот земјотрес направи неред во Иран - куќите срушени, жителите преплашени

Во силниот земјотрес со магнитуда од 5,8 степени кој синоќа го погоди северозападен Иран, настрадале најмалку 6 лица, а поведени биле повеќе од 300, јавуваат иранските медиуми.

По силниот земјотрес следеле повеќе од 60 потреси, што предизвикало паника меѓу жителите.

Спасувачките екипи и хелохоптери се испратени на терен, а болниците се на готовс да им помогнат на повредените.

Шест лица загинале, а 345 се повредени, изјави шефот на службата за итна медицинска помош, а пренесува Ројтерс.

Земјотресот се почувствувал во повеќе градови во Иран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега