ВИДЕО: Силна експлозија во станбена зграда во Мадрид - има мртви

Најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени во експлозија која попладневно одекна во зграда во Мадрид.

Се сруши поголемиот дел од зградата во која одекнала експлозијата. Очевидец изјави дека едно лице е под урнатините. Според „Ел Паис“, експлозијата уништила неколку горни ката на зградата лоцирана на улицата Толедо. Осум екипи на пожарникари се на лице место, јавуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, до несреќата дошло од истекување на гас. Во тек е евакуација на минувачите и жителите на околните згради. Медиумите јавуваат дека локалното училиште е сериозно оштетено од експлозијата, а чадот што се гледа на видеата снимени на улица наводно потекнувал од старечки дом до зградата каде што се случила експлозијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега