ВИДЕО: Силен земјотрес во Кина, има починати и повредени

Најмалку три лица загинаа денеска, а околу 60 се повредени во земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

Според градското биро за итни случаи, од 60-те лица префрлени во болница, тројца се тешко повредени.

Земјотресот се случи во округот Лусијан на длабочина од 10 километри.

 

16.09.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа