ВИДЕО: Силен земјотрес од 6.4 степени по Рихтер ги погоди Аргентина и Чиле- неколку градови останаа без струја

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ноќеска ја потресе северозападна Аргентина, на границата со Чиле, пренесоа светските агенции, наведувајќи дека засега нема извештаи за жртви.

Земјотресот се случил непосредно пред полноќ, наведе Американскиот геофизички институт (USGS).

Епицентарот на потресот бил во Аргентина, на 27,6 километри од градот Порсита, на длабочина од 14 километри.

Медиумите јавуваат дека некои куќи во аргентинската провинција Сан Хуан се оштетени и дека еден локален пат е блокиран.

Земјотресот се почуствувал и во главниот град на Чиле, Сантијаго, што се наоѓа на околу 300 километри од епицентарот на потресот.

Чилеанските власти соопштија дека не е пријавена штета во земјата.Од другата страна на границата, во Аргентина, медиумите објавија загуба на електрична енергија во домаќинствата околу Порсит, а земјотресот се почувствува и во супермаркетите, каде намирниците паѓаа од полиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега