ВИДЕО: Силен циклон удри во Хрватска - наврнаа 70 литри дожд, брановите доаѓаат до кафулињата

Како што беше најавено, силен медитерански циклон во текот на вечерта почна силно да влијае на временските прилики во целиот Јадран.

Циклонскиот центар во моментов се наоѓа над северното Јадранско море и брзо се спушта до Далмација, каде ќе биде наредните неколку часа.

Доаѓањето на циклонот е проследено со силни врнежи на дожд. Бурата го погодила Ровињ каде веќе наврнале 70 литри дожд по квадратен метар, а навечер силниот дожд зафатил поголем дел од Далмација.

Во Сплит најсилните удари од ветер биле и до 114 километри на час/ Поради нискиот воздушен притисок, на некои места се јавува плима, односно прелевање на морето на копното.

На сплитското крајбрежје некои бранови допирале и до првите кафулиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега